вторник, 27 јануари 2026

Хрватска го доби соседското дерби и сама ќе решава за полуфинале на ЕП

Ракометарите на Хрватска се радуваа во претпоследниот натпревар од главната фаза на Европското првенство и се на една победа до полуфинале.

Објавено на

часот

Сподели

„Каубоите“ го добија дербито со Словенија со 29-25 и со тоа го презедоа првото место во групата, па сега сами за себе одлучуваат за пласман во полуфиналето. До победата Хрватите стигнаа во неизвесна завршница, иако диктираа темпо во поголем дел од средбата.

Со овој триумф веќе утре Хрватска треба да ја победи Унгарија и ќе се пласира во полуфинале.

На Хрватите им се исполни еден од предусловите, бидејќи Исланд киксна во првиот денешен меч и ремизира со Швајцарците (38-38).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ