Мечот го игравме на домашен терен, во Градски парк, но не можевме рамноправно да парираме на посилната Хрватска.
Дополнителна причина за убедливиот пораз е што Македонија на последните мечеви од квалификациите играше со значително променет состав, со подмладена селекција.
Најголем дел од работата, гостинките завршија во првата четвртина која ја добија со 21-6. Меѓу првиот и вториот период имаа серија од 14-0, се чинеше дека ќе дојдат до многу поубедлива победа, но македонските кошаркарки се разбудија и во натамошниот дел од мечот беа многу порамноправни.
Во отсуство на најдобрата Мерит Хемпе, Милица Николиќ ја предводеше македонската репрезентација со 16 поени, Селцова додаде 13, а Пислевска девет.






