Реал Мадрид е познат по своите „галактико“ засилувања, но последните информации говорат за шокантен трансфер спротивен на ваквата политика на Флорентино Перез.
„Кралевите“ направиле анализа и утврдиле дека оваа сезона им недостасува играч како Хоселу – касилчен напаѓач, убиец во шеснаесетникот.
Па Реал Мадрид сега бара сличен профил на играч, кој нема да се буни кога нема да се најде во стартниот состав и секогаш ќе сака да помогне кога ќе влезе од клупата.
Новинарот Едуардо Инда вели дека Анте Будимир е фудбалерот кој ги има сите карактеристики кои ги бараат „кралевите“.
Хрватот има одлична сезона со 20 погодоци во Ла Лига, па Осасуна нема лесно да се откаже и ќе бара 20 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Флорентино Перез сепак нема намера да плати ваква сума за фудбалер кој наскоро ќе полни 34 години, па останува да се види дали ќе биде најден некаков компромис.