недела, 1 февруари 2026

Хрватите преку Исланд до третото место на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Хрватска го освои третото место на Европското првенство, откако во „малото финале“ во Хернинг ја победи селекцијата на Исланд со 33-34.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Каубоите“ одиграа многу добар натпревар, бидејќи од стартот се наметнаа и изградија позитива. Во првиот дел избраниците на Дагур Сигурдсон водеа и со шест разлика (6-12), ама потоа се опуштија и ривалот се врати до 10-12. До паузата Хрватите се одржаа во позитива и на одмор се замина со 14-17.

И во вториот дел Хрватска успеа да изгради предност, а од моментот кога на семафорот стоеше 16-20 до 23-28 предноста варираше меѓу четири и пет гола. Тогаш одново „каубоите“ стигнаа на „плус шест“, но во финишот имаа пад.

Исланд со неколку мини-серии резултатски се врати во средбата, а на крајот мораше да се задоволи со минимален пораз.

Тин Лучин со девет реализации беше најдобар во победничкиот табор, а му помогнаа Начиновиќ со шест и Мартиновиќ со пет. Убедливо најдобар стрелец на мечот беше Омар Инги Магнусон кој даде 12 гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ