петок, 25 април 2025

Христов: Младинскиот репрезентативен фудбал ќе биде без притисоци и корупција, помина тоа време

Директорот на младинскиот фудбал, Ѓорѓи Христов денеска имаше брифинг со новинарите на кои зборуваше на неколку теми.

Објавено на

часот

Сподели

Tој најпрво соопшти дека Артим Шаќири и Сашо Милошевски ќе бидат координатори на младинските селекции од 14 до 19 години.

Се воведуваат и видео аналитичари, тие ќе бидат Никола Глигоров и Филип Ивановски. Ќе прават анализи за сите младински селекции.

Христов нагласи дека е завршено времето на притисоци за селекторите при изборот на фудбалери. Тој ги охрабри сите младински селектори ако почувствуваат притисок, веднаш да му пријават нему за таа пракса да се искористи. Најави дека ќе играат само најталентираните деца, а целта е во секоја селекција да се стесни изборот на по 30 фудбалерчиња. Христов посочи дека навиките не се искоренуваат преку ноќ, ама заедно со најблиските соработници ќе се заложат за промени.

Поранешниот репрезентативец се осврна и на скаутингот на Македонци во странство. Јасно и гласно нагласи дека за едно дете со македонско потекло биде повикано, треба барем двојно да се издвојува со игрите од оние на нашето поднебје посочувајќи дека Македонија нема да биде месо за „билдање на рејтинг“. Оваа идеја е инспирирана од некои претходни случаи кога млади фудбалери со потекло од Македонија играат во одредени категории за нас, а потоа кога ќе ги повика посилната земја во која живеат го менуваат спортскиот пасош.

Меѓудругото, Ѓорѓи Христов најави укинување на Академијата на ФФМ, која досега работеше во лоши услови. Постои и шанса истата да продолжи да функционира, ама за тоа е потребна целосна реорганизација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ