петок, 19 декември 2025
Еден од најчудните пенали

Храброст или лудост: Севиља е во тешка криза, а Окампос шутна пенал без да гледа во голот (ВИДЕО)

Напаѓачот на Севиља, Лукас Окампос изведе еден од најчудните пенали, Аргентинецот шутна без да гледа во голот, и тоа кога неговиот тим се наоѓа во голема криза, и беше во негатива на пресметката против Алавес.

Објавено на

часот

Сподели

Севиља е во голема резултатска криза, само еден бод над зоната за испаѓање, а вчера им приреди ново разочарување на навивачите и загуби дома од Алавес.

Гостите водеа со 0-2 на полувремето, но Севиља успеа да се врати во продолжението. Погодокот за 2-2 беше дело на Лукас Окампос, кој реализираше од белата точка. Аргентинецот се најде во фокусот на фудбалската јавност откако изведе еден од најчудните пенали, и шутна без да гледа во голот.

Големиот ризик му се исплатеше, но не можеше многу да се радува, Алавес во финишот постигна гол за 2-3 и го однесе трите бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ