петок, 9 мај 2025

Хорор во Чиле: Двајца навивачи загинаа пред фудбалски меч, едниот имал само 13 години (ВИДЕО)

Двајца чилеански навивачи загинаа пред мечот меѓу Коло Коло од Чиле и Форталеза од Бразил кој се играше во рамките од Копа Либертадорес.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше прекинат на 20-тина минути пред крајот откако домашни навивачи влегоа на теренот кога дознаа за несреќата која се случила пред мечот. Тие сакаа да го демонстрираат својот гнев.

На натпреварот му претходеа нереди, имаше судири меѓу домашните навивачи и полицијата која фрлала и солзавец. При интервенцијата со транспортер биле прегазени 18-годишна девојка и 13-годишно момче кои починале.

При влезот имало и турканици, многумина се обидувале да влезат и без билети, настанал вистински хаос, а хаос имаше и на трибините кога навивачите влегоа на теренот, по што фудбалерите на Форталеза брзо влегоа во соблекувалната.

Ѕвездата на Коло Коло, Артуро Видал ги молеше навивачите да се вратат на своите места за натпреварот да продолжи, но тоа не се случи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ