недела, 14 декември 2025

Хорнер нема многу да жали за отказот од Ред Бул, ќе добие отштета од 60 милиони евра

„Мозокот“ на формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер неодамна доби отказ поради лошите резултати, а сега дојде информацијата колкава отштета ќе добие.

Објавено на

часот

Сподели

Ред Бул во официјалното соопштение не откри детали, но извор близок до тимот за „Би-Би-Си“ кажал дека Хорнер добил полна сметка.

Хорнер имал годишна плата од 12 милиони евра и договор кој важеше до 2030 година, но затоа што беше раскинат пет години порано, Ред Бул морал да му ја исплати целосната сума.

Поранешниот шампион во конструктори претходно остана и без шефот за дизајн, Адриан Њуи кој е еден од најдобрите во историјата на „најбрзиот циркус“ во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ