вторник, 9 декември 2025

Хет-трик на Роналдо против Рио Аве, Португалецот во голем стил се загрева за новата сезона (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо даде три од четирите гола на Ал Наср во победата над португалскиот клуб Рио Аве во пријателски натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Роналдо е одличен во подготвителниот период, Португалецот покажува глад пред почетокот на новата сезона.

Денеска Ал Наср со 4-0 го победи Рио Аве, а три гола беа дело на Роналдо.

Резултатот го отвори Симакан во 15. минута, а пред крајот на првото полувреме Роналдо го даде првиот свој гол на мечот за 2-0.

Во 63. минута реализираше со глава за водство од 3-0.

Пет минути подоцна погоди и од пенал поставувајќи го конечниот резултат од 4-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ