Фудбалерот на Борац Бања Лука кој има македонско држајанство, ги сподели првите впечатоци по пристигнувањето во таборот на македонската репрезентација. Тој со нетрпение го очекува своето деби.
„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме“, вели Херера.
„Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале“.
Мечот меѓу Данска и Македонија се игра на 26. март во Копенхаген.






