Минатото лето, голем број на звучни имиња ја заменија Европа со Саудиска Арабија, еден од нив беше и капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.
Англичанецот доби богата понуда да му се придружи на Стивен Џерард во Ал Етифак, одредени извори пишуваа за неделна плата од 350.000 фунти, додека пак други за двојно повеќе, односно 700.000 фунти.
Но само шест месеци подоцна, Џордан Хендерсон е пред враќање во Европа и потпис со Ајакс.
Како што пишува Телеграф, фудбалерот не добил ниту една фунта за авантурата во Саудиска Арабија, веројатно никогаш и нема да добие.
Поради даночни цели, тој побарал платата да му биде исплатена подоцна, па иако шест месеци играше во Ал Етифак, до овој момент не добил ништо. Со оглед на тоа дека сега изрази желба да замине, веројатно никогаш нема да ги добие парите, ваквите стравувања за Телеграф ги потврдиле и луѓе блиски до Англичанецот.