четврток, 26 февруари 2026

Хап: Среќен сум што повторно ќе играм за Македонија

Американецот со македонски пасош, Етан Хап повторно е дел од нашата кошаркарска репрезентација, тој вели дека се радува што пак ќе го облече црвениот дрес.

Објавено на

часот

Сподели

Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на Американецот кој во овој ммент е дел до шпанскиот АЦБ лигаш Бургос, да го направи тоа.

„Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Сеуште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. А и новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим“, вели Хап.

„Очигледно, тренерот е нов, и тој е шпански тренер. Знам за него и тој знае за мене. И досега имплементираше неколку добри работи и стратегии за играта. А кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека тренерот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упаства. Тимовите се тие со кои играме, веројатно и ќе се променат и ќе го сменат стилот. Но сега е многу поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеш дека си спремен да дадеш 100% од себе“.

Македонија утре со почеток од 18 часот во салата „Градски парк“ го пречекува Луксембург во меч од квалификациите за Евробаскетот 2029.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ