Хулиганите на најголемите градски ривали имаа жестока пресметка на улиците, а најмногу настрадале полицајците. Дури 24 членови на безбедносните сили биле повредени во инцидентите.
За нередите кои се случуваа во Рим се огласи иградоначалникот Роберто Гуатијери.
„Навистина сум згрозен. Неприфатливо е хулиганите ваквите натпревари да ги претвораат во место за урбана војна“, изјави Гуатијери.
За редот во Рим за време на градското дерби се грижеле 2.000 полицајци, но и таа бројка не била доволна за да се избегнат нереди.
Според италијанските медиуми, за време на нередите е направена материјална штета од 40.000 евра.
Ultras Lazio vs 1312
SS Lazio – AS Roma
13/04/25. 🇮🇹 pic.twitter.com/OADmYfxaN9— Calle ℌ Grada (@CalleYGrada) April 14, 2025