Хановер беше голем фаворит во дуелот со Алкалоид и таквата улога ја презентираше во полно светло на денешниот прв натпревар кој се одигра во германскиот град.
Алкалоид беше рамноправен во воведниот дел од натпреварот, беше 11-11 кога Хановер направи серија од 5-1 и поведе со 16-12. На одморот се замина со предност на германскиот тим од 19-15.
Во вториот дел Бундеслигашот продолжи во силен ритам, ракометарите на Алкалоид беа немоќни да прарираат, конечниот резултат беше 37-27. Десет голови разлика кои беа и највисоко водство за Хановер.
Кај Алкалоид убедливо најдобар беше Тордарсон со десет голови, Борзаш постигна четири. Во составот на Хановер, Штајнхаузер реализираше 11, Ушинс даде осум.
Реваншот е за седум дена во Скопје, на тој натпревар Алкалоид ќе го добие и европскиот пехар кој го освои минатата сезона, а поради контроверзното однесување на АЕК не им беше доделен.






