Трката се реализираше во три категории – Хоби, Mлади и Деца, во машка и женска конкуренција. Кај најмладите учесници – Деца, во женска конкуренција најбрза беше Оља Цветанова, зад неа се пласираа Бистра Груевска и Клементина Атанасовска. Кај момчињата, победата ја однесе Андреј Лозаноски, втор беше Марко Чекеровски, а трет Михаил Лозаноски.
Во категоријата Млади, кај девојчињата најдобри беа Варвара Атанасовска и Ана Кољачкова, додека кај машките најбрзо возеше Кирил Анчевски, пред Константин Костоски и Никола Ристески.
Најсилна конкуренција имаше во категоријата Хоби. Кај жените, прва на целта стигна Елена Петрова, втора беше Даниела Атанасовска, а третото место го освои Сашка Костовска-Длака. Кај мажите, најдобро време имаше Марјан Тасевски, следен од Јован Паневски и Мартин Фотевски.
Во возрасните поткатегории од Хоби конкуренцијата, кај жените 40 – 49 години најбрза беше Даниела Атанасовска, пред Рената Ќуштеревска и Маре Србиновска. Во категоријата жени 50 – 59 години најдобар резултат имаше Сашка Костовска-Длака, а кај жените над 60 години победничка беше Билјана Иванова.

Кај мажите, во возрасната група 40 – 49 години, најбрз беше Ариан Абдиу, втор беше Александар Михајлоски, а трет Градимир Панчиќ. Во конкуренцијата 50 – 59 години победи Борислав Соларски, втор беше Дарко Домазетоски, а трет Валери Јованчев. Кај мажите над 60 години првото место му припадна на Петар Георгиевски, а втор заврши Сашо Иванов.
Во тимската конкуренција, најдобри беа велосипедистите на Axios Pro, пред екипата на Халкбанк и тимот Macedonian Bike Riders.
Најбрзите велосипедисти во секоја од категориите освоија вредни парични награди обезбедени од организаторот, Халкбанк. Во категоријата Хоби, и кај жените и кај мажите, првопласираните освоија по 15.000 денари, второпласираните по 10.000 денари, а третопласираните по 5.000 денари. Во категоријата Деца (возраст 6 – 12 години), најдобрите кај девојчињата и момчињата беа наградени со 10.000 денари за прво, 5.000 денари за второ и 3.000 денари за трето место. Истите парични награди беа доделени и во категоријата Млади (возраст 13 – 17 години), односно 10.000 денари за прво, 5.000 денари за второ и 3.000 денари за трето место, во машка и женска конкуренција.
За најмладите учесници беше организирана рекреативна трка со балансери и тротинети, а присуството на маскотата Халки ја направи програмата уште поинтересна и повозбудлива. Децата учествуваа, се забавуваа и добија поддршка од добропознатото слонче за време на активностите.
Настанот беше збогатен и со музичка програма во изведба на шоуменот Викса и ди-џеј Oky Doky, додека за вкусната храна се погрижи Jojo’s BBQ.
Покрај спортскиот дел и забавата, трката Халк вело грин е дел од платформата Халкеко, преку која Халкбанк во изминатите шест години има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и спроведено проекти за подигање на еколошката свест кај младите генерации. Овие активности ја потврдуваат заложбата на банката за промоција на здрави животни навики, активен начин на живот и грижа за животната средина.
Како и сите претходни години, Халкбанк ќе ги искористи средствата собрани од котизациите за учество во трката за поддршка на хуманитарни и општествено корисни проекти, со посебен фокус на пошумување на локации каде тоа е најпотребно, продолжувајќи го својот континуиран придонес за заштита на животната средина и зајакнување на заедницата.






