Избраниците на Арне Слот немаа одговор за разиграните „граѓани“, кои доминираа во текот на целиот натпревар, предводени од фантастичниот Ерлинг Халанд.
Сити го отвори резултатот во 39. минута кога Халанд беше сигурен реализатор од пенал за 1-0, а во судиското продолжение од првото полувреме повторно погоди и зголеми на 2-0.
Домаќините продолжија во ист ритам и по паузата. Во 50. минута Антоан Семењо зголеми на 3-0, а само седум минути подоцна Халанд го комплетираше хет-трикот за убедливи 4-0.
До крајот Ливерпул имаше шанса барем да постигне почесен гол, но Мохамед Салах не успеа да реализира пенал и само ја заокружи лошата партија на својот тим.






