недела, 14 декември 2025

Хајдук е убедливо најгледан во екс-Ју, нема македонски клуб меѓу првите десет

По првите кола од новата сезона направен е пресек за бројот на гледачи на натпреварите во првенствата од поранешна Југославија, Хајдук е убедливо најгледаниот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

На одиграни пет натпревари Хајдук го следеле вкупно 152.530 гледачи, што во просек е 25.421.

На второто место е Партизан со повеќе од двојно помалку гледачи, црно-белите вкупно ги гледале 56.471, или во просек 11.294.

Следуваат Динамо Загреб, Железничар, Црвена звезда, Осјек, Ријека, Вараждин, Сарајево и Марибот.

Нема македонски клуб меѓу првите десет клуба. Прашање е дали и воопшто може да биде рангиран наш клуб ако се знае дека ретко кој прави точна евиденција кај нас на продадени билети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ