среда, 13 август 2025

Хаџиевски му се врати на бугарскиот фудбал

Легендарниот македонски тренер, Ѓоко Хаџиевски застана на кормилото на бугарскиот тим, Спартак од Варна, за Македонецот ова ќе биде трет тим од Бугарија на кој ќе биде тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоко Хаџиевски е нов тренер на Спартак Варна, информираат бугарските медиуми.

Тој бил на стадионот на Спартак на пријателскиот меч против Септември. Влегол во соблекувалната и имал десетминутен разговор со фудбалерите и со членовите на управата.

За Хаџиевски ова е трет бугарски предизвик, тој во далечната 1993/94 ја водеше екипата на ЦСКА Софија, а во 2006/07 беше тренер на Вихрен Сандански.

Спартак Варна минатата сезона заврши на шестата позиција во регуларниот дел од најдобрата бугарска лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ