петок, 20 март 2026

Гвинеја си ја бара титулата од 1976, тогаш Мароко освоил на ист начин како Сенегал

Фудбалската федерација на Гвинеја од Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) бара да им се даде трофејот од Африканскиот куп на нации кои се одржал во 1976, а кое тие го загубиле на многу сличен начин како и Мароканците против Сенегал.

Објавено на

часот

Сподели

КАФ два месеци по завршувањето на Африканскиот куп на нации реши да му ја даде титулата на Мароко затоа што Сенегалците во еден момент го напуштаат теренот, па се предомислија и се вратија.

Но, истото го направиле и Мароканците во финалето во 1976 година, па сега Гвинеја си го бара тој трофеј.

Во тоа финале кога во 33 минута селекцијата на Гвинеја постигнала гол за водство, фудбалерите на Мароко го напуштиле теренот протестирајќи на судиска одлука. По 15 минути се вратиле на теренот, направиле пресврт, го добиле мечот и ја освоиле круната.

Ситуацијата е речиси иста, но тешко е да се поверува дека на Мароко ќе му биде одземена титулата од 1976 година.

Причината за тоа е јасна, правилото 84 според кое КАФ му ја додели титулата на Мароко сега, не постоело во 1976 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ