петок, 19 декември 2025

Гвардиола: Ќе си одам од Сити на 75-76 години

Пеп Гвардиола саркастично им одговори на новинарите кои го прашуваа за неговата иднина во Манчестер Сити.

Објавено на

часот

Сподели

Гвардиола има уште година и пол од актуелниот договор со Сити, но во последно време во Англија се пишува за неговата иднина и за евентуалниот негов наследник.

„Во последните три или четири години, секој пат во одреден момент ме прашувате за мојата иднина. Значи, порано или подоцна, на 75 или 76 години, ќе го напуштам Манчестер Сити. Сè уште имам 18 месеци од мојот договор. Многу сум возбуден, среќен и возбуден поради развојот на тимот“, рече Шпанецот на прес-конференција.

Гвардиола (54) е на чело на „Граѓаните“ од 2016 година. Со тимот ја освои Лигата на шампионите, шест титули во Премиер лигата, два ФА купа и четири Лига купа, Светското клупско првенство и Европскиот суперкуп.

Манчестер Сити моментално е втор на табелата во Премиер лигата, со два бода помалку од лидерот Арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ