Пеп Гвардиола даде необично објаснување за формата на Манчестер Сити во финишот од сезоната.
„Сонцето… не, не, не се шегувам. Во Манчестер никогаш нема сонце. Ако имаше сонце во ноември, ние уште во јануари ќе бевме шампиони во Премиер лигата. Сонцето е, искрено. Расположението е подобро. Ќе играме против Арсенал кој во 49 меча загуби само трипати, а во Лигата на шампионите уште нема пораз. Имам огромна почит за Арсенал. Го победивме еднаш, замислете да го победиме двапати за неколку недели“, изјави Гвардиола.
Следниот натпревар против Арсенал може да има клучно значење во битката за титулата.






