петок, 13 март 2026

Грозданова е сѐ поблиску до потпис со Јувентус

Македонската фудбалска талентка, Меланија Грозданова од следната сезона би требало да потпише за голем европски клуб, а најсериозен кандидат засега е Јувентус.

Објавено на

часот

Сподели

Грозданова една недела поминала во тимот на Јувентус каде што се запознала со тренерите и условите за работа.

Според италијанскиот новинар, Руди Галети, Јувентус продолжува да ја следи Меланија Грозданова.

Грозданова неодамна со 17 години и 70 дена го постигна првиот гол за македонската сениорска репрезентација, тоа беше дуелот против Андора кој го игравме во Битола.

Во овој момент Грозданова настапува за ЖФК Љуботен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ