среда, 1 април 2026

ГРК Охрид со апел до своите навивачи пред мечот со Олимпијакос: Да ја оставиме политиката на страна

Ракометарите на Охрид со убедливи 31-25 го победија Олимпијакос среде Атина, па реваншот во салата „Билјанини извори“ треба да биде само заверка на пласманот во полуфиналето од ЕФХ Европскиот куп.

Објавено на

часот

Сподели

Бидејќи се работи за грчки тим, раководството на Охрид е свесно дека може да се случат политички провокации, па апелира за фер и коректно навивање со цел да не се добијат некои казни во финишот од европската сезона.

„Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот!
ГРК Охрид за градот од коло во коло на Европската сцена пишува историја! Одигравме одличен натпревар во Атина и се вративме како победници. Но, имаме уште 60 минути на домашен терен.
Бевме одлично примени од екипата на Олимпијакос и натпреварот помина во одлична ракометна атмосфера. Ја повикувам публиката, симпатизерите и навивачите во сабота да бидат 8-от играч на ГРК Охрид и ветер во грб на нашите гладијатори. Ве молам со фер и најкоректно навивање и поддршка за нашите момци да му помогнете на клубот. Транспарентите во преполната сала Билјанини Извори да бидат исклучиво за поддршка на нашиот клуб и Македонија, да ја оставиме политиката настрана и да му помогнеме на нашиот град да испишува историја!
Со почит,
Спортски директор
Славчо Ристески“, стои во соопштението.

Мечот се игра во сабота на 4. април, забранет е влез за гостински навивачи по договор меѓу двата клуба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ