недела, 13 април 2025

Грилиш добил шлаканица на Олд Трафорд

Фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш имал непријатен момент на градското дерби, бил физички нападнат од навивачи на Јунајтед.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера се одигра дербито меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер Сити кое заврши без погодоци.

По мечот Пеп Гвардиола ги критикуваше навивачите на Манчестер јунајтед за навредите кои ги упатуваа кон мајката на Фил Фоден, но на мечот се случил и друг инцидент.

Имено, кога Џек Грилиш одел кон тунелот да го напушти теренот, добил шлаканица од навивач на Јунајтед кои седел во првите редови.

Инцидентот го видела и полицијата, навивачот е приведен и обвинет за физички напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ