За Србите ова беше трета победа во пријателските мечеви откако ги почнаа подготовките за Евробаскетот, со таа разлика што мечевите во Белград против БиХ и Полска ги играа зад затворени врати.
На овој меч против Грција, царуваше Никола Јокиќ кој постигна 23 поени и имаше дури 19 скока, даде и четири асистенции. Немаше друг двоцифрен во составот на Србија, Богдановиќ и Јовиќ постигнаа по девет поени.
Треба да се истакне и дека Грција на овој меч беше без својот најдобар кошаркар, Јанис Адетокумбо. Најефикасен кај нив беше Костас Митоглу со 18 поени.






