недела, 13 јули 2025

Граначо креираше нова бура во Манчестер јунајтед: Бруно треба да му залепи една воспитна (ФОТО)

Младата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо повторно е во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи Аргентинецот објави слика на која носи дрес од Маркус Рашфорд и тоа од Астон Вила.

Објавено на

часот

Сподели

Алехандро Гарначо крена голема прашина по финалето во Лига Европа откако го крена гласот против тренерот Рубен Аморим, па почнаа да кружат гласини дека напаѓачот нема иднина на Олд Трафорд и ќе треба да си бара нов клуб.

Аргентинецот сега креираше нова бура откако на социјалните мрежи објави слика на која носи дрес од Маркус Рашфорд и тоа од Астон Вила.

Сите ова го протолкуваа како провокација наменета за Рубен Аморим, а поранешниот фудбалер Трој Дини вели дека Алехандро Гарначо треба да добие една воспитна од капитенот Бруно Фернандеш.

„Доколку јас бев на местото на Бруно Фернандеш, кога тој ќе се вратеше првиот ден на подготовките за новата сезона, ќе му залепев една. Немаше да кревам многу галама, само ќе му залепев една воспитна – ова е Манчестер јунајтед, што се замислуваш ти?“ – вели Дини.

„Очигледно не сака да се врати во тимот, можно е и веќе да си нашол нов клуб па сега си поигрува на ваков начин. Се работи за нова генерација, па не сакам да звучам како стар намќор, но некој навистина треба да го истегне за уши. Досадно им е, и немаат почит кон ништо. За нив почитта се зборува, а не се заслужува“.

ФОТО: X/Manchester United

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ