четврток, 29 мај 2025

Гостивар се повлече од ПМФЛ, нема да има директно испаѓање

Гостивар по Воска е вториот тим кој се повлекува од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), ваквата одлука следува по жестоките казни кои ги добија од ФФМ.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалскиот клуб Гостивар соопшти дека се повлекува од играњето во Првата македонска фудбалска лига по казните кои ги добија за повлекувањето од мечот против Работнички.

„Објавуваме дека нашиот клуб се повлекува од лигата, што стапува на сила веднаш. Оваа одлука е донесена со внимателно разгледување и уверени сме дека тоа е правилниот тек на дејствување за нашата иднина“, стои во дел од соопштението на Гостивар, кое вообичаено нема и македонска верзија.

Ова значи дека нема да има директно испаѓање од ПМФЛ. Воска и Гостивар се откажуваат, па останува уште борбата за да се избегне баражот.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ