Новиот квалификациски циклус го отвораме на 5 септември кога во Краков ѝ гостуваме на Полска, на 9 септември во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречекаме селекцијата на Италија.
Селекторот на надежите, Горан Станиќ денеска го објави списокот на фудбалери кои ги повика за овие два меча.
Голмани:
Васко Василев – Работнички
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
Одбрана:
Давид Даилоски – Венло (Холандија)
Андрија Димески – Вождовац (Србија)
Андреј Аризанкоски – А.П. Брера
Ѓорге Џеков – Силекс
Анес Мелиќи – Шкендија
Нуман Ајетовиќ – Шкендија
Меметриза Хамза – Струга Трим Лум
Џезаир Авдули – Арсими
Среден ред:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик (Шведска)
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Матеј Гаштаров – Црвена Звезда (Србија)
Напад:
Димитар Данев – Вардар
Димитар Трајков – Полисја (Украина)
Михаил Талески – Вардар
Кире Стојанов – А.П. Брера
Дашмир Елези – Работнички
Мухамед Елмас – Македонија Ѓ.П.
„Во нашиот состав има неколку измени во однос на последниот собир и контролните натпревари кои ги одигравме против Косово. Промените ги направивме поради формата на фудбалерите. Одредени играчи го загубија местото во тимот за претстојните натпревари, но тоа не значи дека за следните предизвици нема да сметаме на нив, се разбира доколку го потврдат својот квалитет во клупските натпреаври. Комплетни сме, немаме проблем со повредени фудбалери и се надевам дека така ќе остане и после викенд натпреварите. Како стручен штаб, фокусирани сме на Полска, имаме тежок гостински натпреавар на отворањето на квалификациите, но верувам во нашиот тим. Имаме капацитет, но се разбира, мора сериозно да се подготвиме и максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. Се надевам дека сите на прав начин ќе ја сфатат својата улога во тимот. За мечот со Италија ќе размислуваме откако ќе се вратиме во Македонија“, изјави Станиќ.






