Вардар потврди и дека за да го добие потписот на Валах, клубот платил обесштетување, сумата не е позната.
„Следната сезона Вардар ќе биде засилен со полскиот голман Милош Валах кој се согласи на верност на клубот до 2027 година. Доаѓа како играч на Кјелце, и за него Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот“, се вели во соопштението на Вардар.
„24-годишниот голман лани се врати во Кјелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони. Сега покрај себе како клупски колеги ги има Адам , Бекри Корданија, Клемен Ферлин и Сандро Местиќ.
На последниот меч од ЕХФ лигата на шампионите меѓи Кјелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани и неговиот тим имаше предност од два гола, покажувајќи ги своите квалитети.
Вардар веќе ги пополнува местата во тимот за кои смета дека му се неопходни за во иднина. Валац е второто засилување за екипата за следната сезона, а дополнително ќе следат и другите објави за новите играчи“, стои во соопштението на црвено-црните.