„Кралевите“ подоцна од нормалното ги почнаа подготовките за новата сезона поради настапот на Светското клупско првенство, а првиот тест натпревар беше зад затворени врати против Леганес.
Момците на Чаби Алонсо ја добија пресметката со 4-1, а сега испадна и дека паднал гол кој слободно може да конкурира за најубав во сезоната.
Едер Милитао убаво забележа дека противничкиот голман е излезен, па од својата половина и преку 60 метри го лобуваше и прекрасно погоди.
Штета што натпреварот не беше отворен за јавноста, па љубителите на фудбалот нема да можат од повеќе агли да ја видат мајсторијата на Бразилецот.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.






