Голманот на вардарци Мигел Еспиња не успеа да се опорави навремено и нема да биде подготвен за настап на континенталниот собир. Португалецот работеше до последен момент, ама селекторот Пауло Фереира сепак мораше да го замени на списокот.
Еспиња кој е без настап оваа сезона поради повреда, беше изоставен од тимот.
На негово место повикан е голманот Педро Гашпар од шпанскиот клуб Куенка, додека за голманското место во Португалија конкурираат Густаво Капдевил и Диого Валерио.
Македонија и Португалија ќе се судрат во второто коло на Европското првенство на 18 јануари.






