Селекторот Столе Солбакен потврди дека Хајкин ќе биде разгледан како и сите останати кандидати за тимот, но веќе има воспоставена хиерархија.
30-годишниот чувар на мрежата подолго време изразуваше желба да брани за Норвешка, а неговото државјанство беше одобрено по забрзана постапка.
Хајкин поседува и руско, израелско и британско државјанство, а во младинските категории настапуваше за Русија и беше дел од академијата на Челси. По добрите партии во Бодо/Глимт, сега ќе се обиде да избори место во националниот тим.






