Инцидентот се случи во 75. минута кога судијата Марјан Младеновски покажа пенал за Тетекс. Од Влазрими сметаа дека нема прекршок за пенал, па се случи инцидент.
Дојде до помал физички напад, имаше турканици со официјалните лица, а потоа и напуштање на мечот.
Инцидентот е заведен и во билтенот на МВР каде што се наведува дека голманот и физиотерапевтот на екипата од Кичево го нападнале судијата.
„Судијата М.М (38) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Тетекс од Тетово и Влазрими од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа“, информираат од СВР Тетово.