Утрово на програмата беше 140. издание на „Класико Рехио“ и пресметката помеѓу локалните ривали Тигрес и Монтереј.
Серхио Рамос има одиграно многу дерби натпревари во својата кариера, но во Мексико искуси нешто ново.
На почетокот од второто полувреме, дефанзивецот се подготвуваше да изведе пенал, а домашниот голман Гузман го провоцираше и му бранеше свртен со грб. Искусниот Шпанец сепак остана смирен, па го понижи својот противник со прецизен шут по земја и донесе водство за Монтереј од 0-1.
Но во продолжение од мечот гостите добија два црвени картони, а Тигрес со погодоци во 90. минута и 95. минута стигна до пресврт и победа во големото дерби.