Флоријан Вирц донел одлука, големиот германски талент решил да ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Новинарот Саша Таволиери објави дека Флоријан Вирц денеска го известил Баерн Минхен дека го одбрал „Енфилд“ како следна дестинација.
Со слична информација излезе и Дејвид Орнштајн, кој посочи дека „црвените“ во моментов е главен фаворит за потписот на Флоријан Вирц.
Добро упатениот Фабрицио Романо пак пренесува дека во Ливерпул се прилично убедени дека ќе го ангажираат Флоријан Вирц по последните рунди преговори во изминативе 24/48 часа.
И понатаму се водат дискусии за да се испеглаат деталите, но новиот шампион на Англија е прв фаворит за потписот на офанзивниот фудбалер.
Баерн Минхен сега ќе треба да разгледува други опции, исто како и Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Се шпекулира дека Баер Леверкузен бара околу 150 милиони евра за разделба со Флоријан Вирц, и со вакви бројки ова ќе биде еден од најскапите трансфери во историјата.