недела, 4 мај 2025

Големи се шансите шампионот во Серија А да се решава со мајсторка

Реални се шансите Интер и Наполи да играат посебен меч кој ќе го одлучи шампионот во италијанската Серија А.

Објавено на

часот

Сподели

Вчерашниот пораз на Интер од Болоња и победата на Наполи над Монца, ги израмнија двата тима на табелата.

Интер и Наполи имаат по 71 бод. Двата меѓусебни дуели оваа сезона завршија со резултат од 1-1, што значи дека и тука се израмнети.

Серија А воведе правило дека во ваква ситуација Скудетото ќе се одлучува со мајсторка.

До крајот на сезоната има уште пет кола, доколку двата тима ги добијат своите дуели и завршат со ист број на бодови, ќе гледаме финале меѓу Интер и Наполи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ