Пелистер фантастично го отвори денешниот меч, со 5-0. Противникот не можеше да постигне гол во првите десет минути. Битолчани ја одржуваа позитивата, ПИК Сегед успеа нешто да намали, на полувремето македонскиот тим замина со водство од 11-8.
Но, Пелистер лошо го почна вториот дел, ПИК Сегед направи серија и го сврте резултатот, поведе со 14-13. Тоа беше нивното прво водство кое подоцна и го зголемија. До крајот на мечот беше неизвесно, драмата траеше до последните секунди.
Кузмановски изнуди пенал на десет секунди до крајот, Радивојевиќ реализираше и славјето во Битола можеше да почне, конечни 25-24.
Жарко Пешевски имаше фантастичен меч постигнувајќи седум голови, Филип Кузмановски реализираше четирипати, кај ПИК Сегед најдобар беше Алустиза Гарсијандиа со шест погодоци.
Во следното коло од Лигата на шампионите, Пелистер му гостува на ПИК Сегед, тој меч се игра на 20. ноември.
Фото: ЕПА






