Откако претходно го совлада вториот носител, денеска Ивановски беше подобар и од третиот. Тој со 2-1 во сетови славеше против чешкиот тенисер Михаел Врбенски.
Македонецот тргна одлично во мечот, го доби првиот сет со 6-4, вториот го загуби со 6-3, а во третиот решавачки беше подобар со 6-3 за победа од 2-1 во сетови.
Во финалето Ивановски ќе игра против првиот носител на турнирот, Хрватот Лука Микрут.