Георгиевски на доминантен начин во финалето го победи Илиа Рудерман од Израел. Претходно, Македонецот во првото коло го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, во втората борба беше подобар од европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, а во полуфиналето триумфираше над бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска.
Овие бодови на Георгиевски се многу важни за олимписката норма.
На Скопје опен Г1 настапуваат натпреварувачи околу 1.000 натпреварувачи од 41 држава борејќи се во разни категории.






