Акцијата е спроведена во координација со полицијата и Интерпол, а веќе започнаа и апсења на повеќе осомничени лица. Според информациите, во случајот се вмешани луѓе од различни структури, меѓу кои функционери на клубови, тренери, судии и активни фудбалери.
Меѓу имињата се споменува и играчот на Карвина, Самуел Шигут, како и градоначалникот Јан Волф. Токму Карвина е клубот кој се наоѓа под најголем сомнеж за нерегуларности во првата лига, додека во второлигашката конкуренција под лупа е и Опава, заедно со ко-сопственикот Мартин Латка.
Истрагата опфаќа и судиски структури, па на листата се најде и поранешниот арбитар Павел Бима, како и уште неколку активни судии кои суделе натпревари во двете најсилни лиги во Чешка.






