недела, 14 декември 2025

Голем подвиг на Марко Пејчиновски, помина 106,8 км со трчање, возење велосипед и пливање

Марко Пејчиновски комплетираше прилагоден Ајронмен, триатлон во кој мина речиси 107 километри, целта му беше да го реализира предизвикот за да мотивира и други луѓе кои се наоѓаат во лоша психолошка состојба.

Објавено на

часот

Сподели

Предизвикот почна со трчање, за 7 часа и 47 минути трчаше од Св. Наум до Струга, тоа беше должина од 42,2 километри. Во спротивен правец се врати со велосипед за 2 часа и 32 минути. На крајот од Св. Наум до Охрид пливаше 9 часа и 29 минути за да помине должина од 22,4 километри.

Претходно Марко Пејчиновски ја кажа причината зошто го прави овој подвиг.

„Целта е потрага по желба за живот. Пред 1 година бев загубен по патот на животот, како и многу други. Со ова сакам да им покажам и да ги инспирирам дека има подобро утре. Со вера во Бога и упорност ќе успеете“, рече Марко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ