Се работи за меч од генерација 2009/10. Според штипските медиуми инцидентот се случил по добиен црвен картон на фудбалер на Шкупи. Тогаш родител на детето влегол на теренот и почнал да тепа фудбалер на Брегалница. Тепачот го следеле и други родители од Шкупи, кои исто така влегле и нападнале деца на домашниот тим.
Според информациите од Штип, две деца биле посериозно повредени, едното имало скршена нога, другото повреди на главата.
Реагирала и полиција, има уапсени, а во текот на денот се очекува и соопштение на МВР.






