Се работи за навивачот Ристе Божиновски – Мачор кој има сериозна здравствена битка. Поради тоа, група навивачи заедно со капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓорески и тренерот Васко Атанасов го изненадија во болницата.
Тие го донесоа пехарот од Купот кај својот голем навивач, а исто така му подарија и златен медал од победничките.
Ристе Божиновски е долгогодишен навивач и еден од основачите на групата „Фемили Аеродром“, татко на починатиот талентиран поранешен ракометен талент Марко Божиновски.






