сабота, 12 јули 2025
Џабе еден лежеше под живиот ѕид, а друг трчаше да покрива на гол-линија

Голазо на Меси од слободен удар, Интер Мајами со пресврт го совлада Порто (ВИДЕО)

Лео Меси уште еднаш покажа дека е голем мајстор и прекрасно погоди од слободен удар за победа на Интер Мајами од 2-1 во пресметката против Порто.

Објавено на

часот

Сподели

Интер Мајами направи значаен чекор кон осминафинале на Светското клупско првенство откако вечерва со пресврт во второто полувреме славеше во пресметката против Порто.

Популарните „Змејови“ поведоа рано, веќе во 8. минута беше 0-1 со голот на Саму од пенал.

Порто лесно можеше на пауза да замине и со поголема предност, но ударот на Мора беше блокиран на гол линијата, а бомбата на Варела од далечина само ја стресе стативата.

Казната за промашувањата стигна на стартот од вториот дел, Сеговија изедначи на 1-1 во 47. минута, а потоа на сцена стапи Лео Меси.

Интер Мајами доби слободен удар на дваесетина метри по средината, а Аргентинецот мајсторски погоди. Порто постави играч да лежи под живиот ѕид, еден се обиде да се врати на гол линија и да покрие дел од голот, но напаѓачот прецизно погоди во голманскиот агол за 2-1.


ФОТО: X/Inter Miami CF

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ