сабота, 6 декември 2025

Гого Славески победи уште во прва рунда, импресивна партија на Македонецот (ВИДЕО)

Македонскиот борец, Гого Славески, ја оствари седмата победа во БКФЦ (Бокс со голи раце) откако го совлада Џа Фар Форт уште во првата рунда со технички нокаут.

Објавено на

часот

Сподели

Славески агресивно ја почна борбата, веднаш нападна, судијата дури четирипати ја стопираше рундата пред да одлучи дека Фар Форт не може да продолжи и го прогласи Македонецот за победник.

Тоа беше победа по само една минута и 34 секунди. Импресивна партија на Гого Славески кој сега има седум победи и еден пораз во БКФЦ. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ