вторник, 9 декември 2025

Гого Славески го загуби појасот, прв пораз во бокс со голи раце (ВИДЕО)

Македонскиот борец, Горјан Слевски првпат загуби во Првенството во бокс со голи раце (БКФЦ) откако ноќеска беше поразен во мечот за светската титула во велтер категорија од искусниот Џулијан Лејн на БКФЦ 79 во САД.

Објавено на

часот

Сподели

Славески и Лејн водеа дивовска битка која траеше пет рунди. Македонскиот борец беше во нокдаун во третата и петтата рунда, што на крајот се покажа пресудно за победата на Лејн.

Тој загуби со едногласна одлука на судиите во корист на неговиот противник (49-44, 49-44, 48-45). Славески, кој е роден во Скопје, но се натпреварува од Мајами и покрај поразот останува еден од најперспективните борци во ова аконкуренција, со досегашен биланс од шест победи и само еден пораз во БКФЦ.

Фото: BKFC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ