петок, 4 јули 2025

Го уапсија фудбалскиот судија среде меч, додека покажуваше жолт картон (ВИДЕО)

Несекојдневна сцена се случи во пониските лиги од бразилскиот фудбал, 38-годишниот судија Едерсон Карлос да Силва беше уапсен во тек на натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Според бразилските медиуми, апсењето е резултат на долготрајна истрага со која е утврдено дека судијата бил дел од криминална група која се занимавала со трговија на наркотици.

Тој бил под надзор од ноември минатата година, Да Силва имал логистичка улога во групата.

„Тој е лице со многу активен социјален живот и веќе беше под надзор“, изјави началникот на полицијата во Гваружа, Глаукос Силва.

Полицијата претходно пресретнала кампион со 450 килограми дрога во Сао Пауло, истрагата покажала дека криминалната група користела изнајмени куќи за складирање и дистрибуција на робата.

„Да Силва ги користел тие објекти за складирање пред дрогата да биде дистрибуирана понатаму“, изјави Едуардо Лима, шефот на полициската станица за борба против дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ