сабота, 31 мај 2025

Го победи својот идол Ѓоковиќ и остана без зборови (ВИДЕО)

Матео Арналдо приреди големо изненадување во второто коло на Мастерсот во Мадрид, тенисерот од Италија со 2-0 во сетови славеше против својот идол Новак Ѓоковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ игра во очајна форма во 2025 година, српскиот ас денеска загуби во пресметката против Матео Арналдо во второто коло на Мастерсот во Мадрид.

Тенисерот од Италија беше аутсајдер, но знаеше како да ги искористи грешките на својот ривал и на крајот по 101 минута славеше голема победа со 2-0 (6-3, 6-4) во сетови.

„Новак Ѓоковиќ е мојот идол, отсекогаш ми бил идол. Бев пресреќен само што можев да излезам на мегдан со него. Никогаш не сум играл против него, еднаш имам само тренирано. Па да играм против него на ваков турнир и терен, веќе бев победник“ – вели 24 годишниот Матео Арналдо, кој во моментов е на 44. место на АТП листата и ова му беше само втора победа против тенисер од топ 5.

„Очигледно не е во најдобра форма, па јас само се обидов да излезам и да одиграм најдобро што умеам“.

„Искрено, не знам што да ви кажам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ