понеделник, 8 декември 2025

Главоболки за Чупиќ: Вардар ќе биде без Кеита во наредните месеци

Левото крило на ракометниот клуб Вардар, Махамаду Кеита ќе биде надвор од теренот најмалку во наредните два месеци поради операција на рамото.

Објавено на

часот

Сподели

РК Вардар информираше дека операцијата врз Кеита е извршена во Загреб и тој веќе го почнал процесот на рехабилитација.

„Левото крило на Вардар, Махамаду Кеита ќе паузира најмалку два месеци поради операција на рамото. Интервенцијата е извршена во Загреб и тој веќе го почнува процесот на рехабилитација.
Поради проблеми со рамото, беше решено хируршката интервенција да биде извршена побрзо со цел да може и побрзо да се врати на теренот. Кеита дојде на почетокот на сезонава и покрај играњето во напад, особено важен беше за одбранбените задачи на тимот.
Во моментов единствено лево крило во тимот е Марио Стојановски“, стои во соопштението на Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ