Иницијаторите за промена на Перо Антиќ закажаа Вонредно собрание откако тој не го испочитува нивното барање
Зад кандидатурата на Ѓуроски застанаа 36 клубови, со нивните потписи тој денеска до Кошаркарската федерација на Македонија ја достави одлуката за свикување на собир за избор на нов прв човек на кошарката во нашата земја.
„Иницијативниот одбор врз основа на членот 36 од Статутот на Кошаркарска Федерациа на Северна Македониа свикува воредно собрание на 30 Април со почеток во 16 часот во салата за прес конференции при СЦ Борис Трајковски“, пишува во информацијата доставена до Куќата на кошарката.
Младен Ѓуровски во КФМ планира да влезе со тим на македонски кошаркарски легенди како што се Петар Наумоски, Врбица Стефанов и Владо Илиевски. Тие тројца ќе му бидат поддршка во извршувањето на претседателската функција.